4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМожно е осомничените кои набавувале сомнителен мазут да одговараат и за екоцид

Можно е осомничените кои набавувале сомнителен мазут да одговараат и за екоцид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Осомничените за незаконската набавка на канерогениот мазут веројатно ќе одговараат и за екоцид. Истрагата која е активна само еден ден, допрва ќе покаже дали ќе се проширува со други кривични дела или ќе опфати уште осомничени лица, јавува тв Сител.
Од обвинителството велат дека истрагата е во тек и не е исклучено доколку дојдат до такви докази, осомничените да бидат гонети и за кривичното дело екоцид. Извори за Сител велат дека во моментов се работи на вештачења од кои можно е да произлезат докази дека осомничените со мазутот кој го набавувале,сериозно го загрозиле здравјето на граѓаните. Доколку надлежните докажат дека осомничените го труеле народот и ги гонат кривично за екоцид, казната која е предвидена во законот е една од највисоките во КЗ.

<

„Тој што спротивно на закон, со намера да предизвика штета на животната средина, ќе преземе дејствие или ќе пропушти да преземе дејствие поради кое ќе настане сериозна или широкораспространета или долготрајна штета на животната средина, ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години или со доживотен затвор“

Засега официјално Обвинителството осомничените ги гони за неколку кривични дела како злоупотреби и перење пари при набавка на мазут со сомнителен квалитет за државните електрани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...