16.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПротест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот протест кој е закажан да се одржи од 12ч пред општинската зграда.

<

Граѓаните немаат доверба во институциите дека имаат капацитет да ја одржуваат новата современа депонија.За граѓанските активисти спорна е количината на смет,велат дека е премногу 18 општини да депонираат смет кај Новаци. Бараат референдум и преиспитување на локацијата.

Од граѓанското здружение „Збогум Буково” велат дека недовербата кај граѓаните е оправдана но уверуваат дека стандардната депонија е во согласност со сите национални и европски барања, ќе овозможи долгорочно безбедно отстранување на комуналниот отпад и затворање на сите постоечки диви и нестандардни депонии.

„Депонијата ќе биде проектирана да ги исполнува потребните услови за спречување на загадувањето на почвата, подземните води или површинските води и ефикасно собирање на исцедокот. Подлогата на депонијата ќе биде во согласност со европските и националните барања и стандарди и ќе вклучува (од долу нагоре) геолошка бариера, геомембрана, геотекстил и слој за дренажа. Локацијата е во еден дел од рудникот за лигнит „Суводол“, каде рударските активности се запрени долг период (површинските седименти и продуктивниот слој на лигнит се ископани).

Локацијата не вклучува хидрантски точки. Црна Река тече на 6,5 km од локацијата и претставува главна одводна артерија за целата област. Нема бунари за испумпување на подземните води во рамките на локацијата. На околу 2,5км од локацијата, се наоѓа група бунари, кои служат за дренажа на постојната област со рудник за ископување лигнит и за намалување на нивото на подземните води.

Од општина Битола велат дека граѓаните треба да бидат спокојни оти во Пелагонија ќе се гради регионален систем за управување со отпад, а не како досега нестандардна депонија за складирање на ѓубришта.

Инаку, Министерството за животна средина подготвува тендерска документација за избор на изведувач што се очекува да заврши до 2025 година, а доколку навреме отпочнат работите изградбата на Центарот за управување со отпад треба да заврши до крајот на 2027 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...