10.7 C
Ohrid
сабота, мај 10, 2025
ПочетнаМакедонијаНажалени родители, браќа и сестри, роднини и пријатели – нажалена Македонијо

Нажалени родители, браќа и сестри, роднини и пријатели – нажалена Македонијо

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нажалени родители, браќа и сестри, роднини и пријатели – нажалена Македонијо,

<

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со исклучителна тага и жал ја прими злокобната вест за огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија голем број на наши млади чеда, а уште многумина се борат за живот.

Но, и во овие мигови на непоимлива скрб, да не заборавиме дека Бог е Бог на живите и дека во Него нема мртви. Оттаму, иако е невозможно да се најдат човечки зборови за утеха, сепак, утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен и дека тие вечно ќе постојат во Вечноживиот Бог.

Се молиме Троединиот Бог – Богот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда во Едемската градина, а на нивните најмили да им даде утеха и сили, испраќајќи им ја Својата небесна закрила.

На повредените, пак, Бог – Лекарот на сѐ, да им дарува брзо закрепнување и исцеление.

Претседател на Светиот архиерејски синод

на Македонската Православна Црква

– Охридска Архиепископија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Час за паметење: 60 години од матурата одбележаа денес матуранти на штипската гимназија

Час за паметење 60 години од матурата одбележаа денес матуранти на штипската гимназија 60 години од матурирањето денес одбележаа генерацијата 61/65 од гимназијата „Славчо Стојменски“...

Младо момче од Струмица – го споредуваат со легендарниот Сариевски

Ова момче е новиот Александар Сариевски Овие денови на социјалните мрежи се појави едно видео во кое се гледа како едно младо момче пее стара...

Приведен 36-годишниот битолчанец кој со нож се шетал и заканувал на друго лице на Широк Сокак

Денеска (09.05.2025) на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола, затоа што претходно, пред угостителски...

Стоја Ѓеоргиева – најдобра на Државниот тракторски натпревар за ученици во Струмица

Во Струмица денеска се одржа 53-от Државен тракторски натпревар за учениците од земјоделско-ветеринарната струка, чиј домаќин беше СОУУД „Димитар Влахов. Најдобра во дисциплината –...