13.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаОпштина Струга најави инспекциски надзори во сите локали

Општина Струга најави инспекциски надзори во сите локали

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Општина Струга, во периодот што следи ќе иницира координиран инспекциски надзори со сите надлежни инспекциски служби во општина Струга како државни така и општински инспектори и во таа насока упатува јавен апел до сите сопственици на локали и други деловни објекти кои што вршат услужни и дејности од областа на угостителска, туристичка, услужна како и дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека ќе се започне заедничка проширена контрола на инспекторите.
Од таа причина се известуваат сопствениците на деловните објекти дека се должни, на лице место да имаат подготвено оригинали или фотокопии од следниве документи:
1. Одобрение за вршење дејност
2. Одобрение за поставување урбана опрема
3. Елаборат за поставување на урбана опрема
4. Тековна состојба
5. Имотен лист за деловен објект
6. Елаборат за заштита на животната средина
7. Елаборат за заштита од пожари и доказ дека истиот е спроведен на лице место
8. Лична карта на одговорно лице
9. Телефонски број и лице за контакт
10. Службен е-маил
Овие документи треба да бидат подготвени и да ги поседуваат лицата кои управуваат или работат во локалот, како би можеле да ги приложат на инспекторите при вршење на надзорот. Истите треба да бидат во фотокопија за потребите на инспекциската постапка. Притоа, контролите ќе се одвиваат врз сите локали на територијата на опоштина Струга, а за сите констатирани неправилности, инспекторите ќе издадат Решение за отстранување на недостатоци кои ќе треба да бидат отстранети во рок од согласно закон, како и прекршочен платен налог.
Доколку се најдат неправилности, а инспекторот констатира дека е надвор од негова надлежност ќе се составуваат записници и истите да ги достават на понатамошна постапка до надлежен инспектор, стои во соопштението до јавноста испратено од Општина Струга.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова признава дека е виновен

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина. -Ќе...

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...