21.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСостојбата се подобрува, Панчо ДНК е вон животна опасност.

Состојбата се подобрува, Панчо ДНК е вон животна опасност.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По многуте шпекулации околу здравствената состојба на Владимир Блажев – Панчо од ДНК, кој беше меѓу повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, болницата „Аџибадем Систина“ излезе со официјален коментар.
Во информацијата дадена од лекарскиот тим кој е одговорен за неговиот третман, а пренесена од Makfax, се вели:

<

Пациентот Владимир Блажев од денот на приемот до денес се наоѓа во еднициата за интензивно лекување. На овој оддел се применува највисоко ниво на медицинска грижа. По спроведување на интензивното лекување, она што можеме да кажеме е дека пациентот е стабилен и дека во моментов е надвор од животозагрозувачка состојба. Неговото лекување продолжува во единицата за интензивна нега, во третманот е вклучен мултидисциплинарен тим лекари со цел да овозможат најдобра медицинска грижа.

Длабоко сочувствуваме со семејствата на жртвите и им посакуваме побрзо закрепнување на повредените лица. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува отворена за бесплатен третман на сите пациенти што имаат потреба од болничка нега. Нашата цел е заеднички да се избориме со оваа страшна трагедија и да помогнеме онаму каде што е потребно.

Од 16 март до денес во амбулантите на Ургентниот центар на болницата, прегледани се 19 пациенти, а во моментов се хоспитализирани четири пациенти. По стабилизирање на здравствената состојба, дел од пациентите што беа хоспитализирани се пуштени на домашно лекување.

стои во соопштението на болницата

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...