14.2 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаМакедонијаТрошоците за лекувањето на повредените во дискотеката ПУЛС, се покриени од државата

Трошоците за лекувањето на повредените во дискотеката ПУЛС, се покриени од државата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција, на која ги информираше медиумите за активностите и мерките што Министерството ги презеде во врска со згрижувањето на македонските граѓани повредени во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.
Тој истакна дека преку Кризниот штаб и дипломатско-конзуларните претставништва, Министерството направило сè што е во рамките на своите надлежности да се обезбеди најдобрата можна помош за жртвите на трагичниот настан.

<

„Преку нашиот систем и соработката со партнерите од Европа, обезбедивме медицинска помош за повредените. Наша цел е да продолжиме со истата посветеност и да не запре помошта сè додека не обезбедиме целосна грижа за нашите сограѓани,“ изјави министерот.
Тој исто така информираше дека лично ги посетил болниците во Солун, Софија, Белград, Загреб, Виена и Љубљана, а најави и посета на Будимпешта во наредните денови. Во овие болници, тој се сретнал со семејствата на повредените и медицинскиот персонал.

„Државата стои целосно зад овие луѓе, и за време на овие тешки моменти, изразувам благодарност за поддршката што ја добивме од сите наши партнери и медицински тимови,“ рече Муцунски.

Трошоците за лекување покриени од државите-домаќини
Министерот истакна дека трошоците за лекување на пациентите се покриени од страна на државите-домаќини. Нашата влада ги покрива сите трошоци за пат, сместување и логистика за семејствата на повредените.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Јошка Броз, внукот на Јосип Броз Тито

Јосип Јошка Броз, внук на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, почина на 78-годишна возраст. Тој беше член на Главниот одбор на Социјалистичката...

Панче: Најдобрите студенти ќе се запослат во МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на одбележување на 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и...

Превентивни активности на СВР Охрид.

Превентивни активности на СВР Охрид СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици...

Мајката на исчезнатата Марија Брзакова по која се трага од 2020 г. ја кажа вистината за нејзината ќерка по повеќе од 5 години

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“:   Марија Брзакова, родена на 5-ти април 1991 година, исчезната на 18-ти јануари 2020 година во село Босилово, Струмица. Тоа...