25.9 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЈован Јанев ја напушти Левица: „Злоупотребуваат трагедија за политички поени“

Јован Јанев ја напушти Левица: „Злоупотребуваат трагедија за политички поени“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јован Јанев ја напушти Левица: „Злоупотребуваат трагедија за политички поени“

<

Јован Јанев, доскорашен модератор на Црвена Младина, подмладокот на Левица, преку Фејсбук објави дека ја напушта партијата. Причината, како што наведува, е „циничната злоупотреба“ на трагедијата што се случи во Кочани.

„Оваа недела беше тешка за сите, особено за нас од истокот. Но, кога слушнав дека одредени структури во партијата гледаат на трагедијата како ’можност што мора да се искористи максимално‘, сфатив дека веќе нема место за мене во оваа организација“, напиша Јанев.

Иако во последниот период не бил политички активен, како што самиот вели, ова било последна капка. „Политиката треба да биде алатка за промени, а не простор за профитирање врз човечки несреќи“, додаде тој.

Јанев, кој важеше за еден од најистакнатите млади членови на Левица, со оваа одлука ја отвори темата за етичките граници во политичката борба. Дали ваквите постапки ќе предизвикаат внатрешни потреси во партијата, останува да се види.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники. На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека...

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци

Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна...

Охриѓанец продавал марихуана.

Пронајдена дрога во Охрид, лишено од слобода едно лице На 03.06.2025 во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски...

(Видео) Пратеник на Влен одбива да говори на македонски јазик.

Испалата на платите на вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците ќе се реши кога пратениците ќе дадат зелено светло за Законот за организација...