30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСоцијална работничка од Прилеп, била застрелана од лице кое избегало од Лудница,...

Социјална работничка од Прилеп, била застрелана од лице кое избегало од Лудница, истиот требало да лежи и во затвор но одлуката не била правосилна !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

– Социјална работничка од Прилеп, застрелана со огнено оружје на своето работно место –
36-годишната социјална работничка М.Ѓ. од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, денеска нешто пред 14 се здобила со прострелни рани во пределот на стомакот, откако во неа пукал со пиштол 50-годишниот прилепчанец А.Ј. Повредената веднаш е префрлена во прилепската болница каде и се санирани повредите и е надвор од животна опасност, информираат од болницата. Додека лицето кое пукало со оружјето за кое немало дозвола, веднаш е совладано и приведено од Полицијата. Според Јавниот обвинител Стевчо Биноски, станува збор за осудувано лице кое пред четири дена избегало од Психијатриската болница во Демир Хисар, каде се лекувало од алкохолизам.
„Сега повредената социјална работничка, претходно била дел од тимот социјални работници кои одредиле извесни мерки против осомничениот, а кој на повеќе наврати бил пријавуван од неговата поранешна сопруга за семејно насилство. Во претходниот период, закани добивала и социјалната работничка за што таа и го пријавувала, а случајот завршил и пред прилепскиот Основен суд каде на осомничениот му била одредена и затворска казна, но таа се уште не е правосилна. А во меѓувреме му е одредена итната мерка – задолжително лекување во Психијатриска болница во траење од 15 месеци од каде на 20-ти месецов, тој побегнал“, – вели јавниот обвинител Стевчо Биноски.
Случајот го потврдија и од СВР Битола од каде велат дека лицето е лишено од слобода, и кај него освен пиштолот со кој пукал, бил пронајден и нож. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а повредената социјална работничка е задржана на понатамошно лекување во прилепската болница.
„Примена е со прострелна влезно-излезна рана и е во шок-соба. После направените испитувања – компјутер на граден кош и абдомен, утврдено е дека нема повреда на бели дробови, на абдомен, на ребра. Раната е поткожна. Пациентката е примена за понатамошни иследувања. Во моментов е во стабилна состојба која не е животно-загрозувачка“, – изјави д-р Кире Јоноски, директор на прилепската болница.
Каролина Дурло/ТВ АЛФА

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...