23.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаКостовски: Како до голема конкурентност и економски развој

Костовски: Како до голема конкурентност и економски развој

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Апстракт

<

Една од клучните цели на секоја економска политика е поголемо ниво на економски раст и развој, а со тоа и поголема конкурентност.
За постигнување на економски раст и развој потребно е да се исполнат одредени предуслови. Најпрво, клучно прашање кое треба да се одговори е каков модел на економски развој сакаме. За почеток, потребно е да се направи анализа на структурата на македонската економија. Како земја во развој која што пред 30 години го промени својот економски модел потребна е основа која што ќе ја трансформира македонската економија во технолошки напредна каде што ќе може да се канализираат иновации и развој. За таа цел потребен е фокус на стартап заедницата и поддшка на истата.
Во современи услови на стопанисување потребни се бизнис модели кои се подинамични и прилагодливи на промени. Имено, стартапите во себе вклучуваат поголема апсорпциона моќ на знаење. Во тој дел, истите имаат можност да се фокусираат повеќе на истражување и развој од каде што произлегува инвентивноста и иновативноста. Исто така, овие субјекти имаат поголема можност да ги антиципираат ризиците во окружувањето, а со тоа и да изградат одржливи системи на кризен менаџмент и организациска клима и култура базирана на креативност. Најважно од се е што овие компании поради конфигурацијата на бизнис моделите како што претходно беше споменато имаат можност да бидат попродуктивни. Најважно од се е што стартапите во себе поради продуктивноста и ефикасноста имаат голем потенцијал за раст. Во таа насока доколку имаме соодветно окружување, систем на поддршка на стартапи со генерирачка снага за брз растеж, предвидливост на бизнис амбиентот, како и добри менторски програми што ќе бидат поддршка на вакви компании, истите ќе можат нивните знаења, иновации и технологии да ги дифузираат, а тие технолошки знаења да се трансферираат во целата економија како и јавниот сектор. На тој начин ќе изградиме економија базирана на знаење со што ќе создадеме основа и простор за поголема конкурентност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...