19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија: Се воведува хеликоптерски итен медицински систем

Македонија: Се воведува хеликоптерски итен медицински систем

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата на Македонија денска на седница д ја усвои информацијата за спроведената постапка за избор на најповолна понуда за воспоставување Јавно приватно партнерство (ЈПП) за формирање современа организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Македонија (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР) и ја прифати Предлог-Одлуката за избор на приватен партнер за оваа дејност со САРХЕМС ДООЕЛ Скопје, компанијата која ги задоволи условите на јавниот повик.

<

Најдоцна за шест месеци по потпишување на договорот за јавно-приватно партнерство, компанијата ќе стави на располагање два хеликоптера опремени за давање медицински услуги за прва помош и за пребарување и спасување бесплатно за граѓаните на Македонија, кои најмногу за 15 минути треба да бидат на местото каде што треба да биде извршена интервенцијата.

Договорот за ЈПП на приватниот партнер му овозможува да си ги наплати услугите согласно неговиот бизнис модел, а за цело време на траење на договорот има обврска да плаќа надомест за стекнатото партнерство за обавување на оваа дејност во висина од 10.000 евра, во денарска противвредност во Буџетот на Република  Македонија.

Двата хеликоптера, хелиодромите и другата опрема за извршување на оваа дејност, согласно договорот за ЈПП, по истекот на договорот во рок од 8 години, остануваат во сопственост на Република Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...