25.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаНа местото од дискотеката Пулс каде што загинаа 60 млади луѓе, има...

На местото од дискотеката Пулс каде што загинаа 60 млади луѓе, има можност да се создаде меморијален парк, кој ќе биде не само место за сеќавање, туку и простор за тивка почит и духовно обновување.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На местото каде што загинаа 60 млади луѓе, има можност да се создаде нешто значајно – меморијален парк од 1600 квадратни метри, кој ќе биде не само место за сеќавање, туку и простор за тивка почит и духовно обновување. Високите тополи ќе создадат чувство на заштитеност и интимност, додека меморијалниот ѕид со имињата на загинатите ќе носи емоционална тежина и ќе биде сведоштво за нивната жртва. Фонтаната, која симболизира животот и обновувањето, и малата црква ќе внесат духовен аспект, создавајќи мирна и медитативна атмосфера.

<


Зеленилото, лаванда и други природни елементи ќе го обогатат просторот, додавајќи му на овој меморијален парк мирна и смирена атмосфера. Овој проект може да стане вистинско место за сеќавање, каде што не само што ќе се оддаде почит на жртвите, ќе се создаде простор за надминување на трагедијата и надеж за иднината.

Како граѓанин на Кочани, чувствувам обврска да придонесам дека ова место нема да биде заборавено. Сакајќи да дадам свој придонес, решив да го направам овој проект – за да создадам нешто што ќе ги одржи живи сеќавањата на жртвите и ќе служи како симбол на силата, храброста и достоинството на нашата заедница.
Пишува Дарко Арсов од Кочани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова бара сериозна акција против принудувањето на жените на проституција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Тетово на новинарско прашање ја коментираше вчерашната ситуација кога беше спречено самоубиство на жена која била принудувана на проституција. Ранливоста...

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....