ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“
1. Како започна вашата приказна како музичка група?
Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште од деца. Во Вевчани, зурлата и тапанот не се само инструменти – тие се гласот на селото. Се собравме првпат на една свадба пред повеќе од 7 години и оттогаш не престанавме да свириме заедно.
2. Што значи за вас да свирите традиционална музика?
Тоа е чест и одговорност. Со секоја песна ја пренесуваме историјата и душата на нашите предци. Не е само музика – тоа е начин на живот, начин на изразување радост, тага, љубов.
3. Кои настани ви се најзначајни во досегашната кариера?
Секој настап во Вевчани е посебен, но ќе ги издвоиме неколку: Настапот на Василичарскиот карневал, и свирките на свадби.
4. Како одбирате што ќе свирите? Имате ли свој репертоар?
Имаме основен репертоар кој го негуваме, но често се прилагодуваме и на желбите на народот. На свадба, на пример, се знае редот – од оро до “мамино чедо”. Имаме и свои интерпретации и нови аранжмани на традиционални мелодии ама повеќе ја негуваме свадбрските песни и ора.
5. Што планирате понатаму како група?
Во план ни е да снимиме студиски албум со наши интерпретации на старите вевчански и западномакедонски ора. Исто така сакаме да организираме работилници за млади – да ги научиме да свират зурла и тапан и да ја продолжат традицијата.
6. Како можат заинтересираните да ве контактираат?
Слободно не побарајте на нашата Фејсбук страна „Вевчански зурли и тапани“ или преку телефоните. 077/937/126 071/315/958 Свириме за свадби, крштевки, слави, прослави – кај има весеље, ние сме таму!
7. Една порака за сите љубители на традицијата?
Чувајте ја народната музика – тоа е коренот од кој растеме. Без неа, ќе заборавиме кои сме. А кога ќе чуеш зурла и тапан – срцето само знае што да прави!