22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаИсчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице со тоа име и презиме во Министерството за внатрешни работи пишува Вики Клинчарова за Фокус.

<

Вест за исчезната млада жена, со нејзина фотографија и апел до јавноста за информации, масовно се споделува на социјалните мрежи. Симона Стојкова, 35 години, се јавила со врисоци од туѓ телефонски број вчера, откако е исчезната – пишува на страницата ,,Најди ме”.
За страницата ,,Најди ме” пак, е појаснето дека е систем за рано предупредување за исчезнати лица, воспоставен од Новинари за човекови права како дел од „Пилот -проектот за систем за рано предупредување за исчезнатите деца“ во Северна Македонија во соработка и под проектен менаџмент на ЕКПАТ Австрија, а со финансиска поддршка на Федералното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија.

Сепак, податоците објавени за исчезнатата девојка, уште на прв поглед делуваат некомплетни. Нема место на потекло на девојката, ниту пак каде исчезнала, не е ниту опишано како изгледала, односно што носела во времето кога исчезнала.

Ниту во делот за одговорна полициска станица нема прецизен детал, туку кратко е наведено дека МВР е одговорна полициска станица, без појаснување за која општина се работи. Исто така, профилот на Симона е единствениот профил на исчезнато лице објавен на страницата.

Од невладината организација Новинари за човекови права, објавија дека на барање на семејството го објавиле профилот на исчезнатата Симона, а за ,,Фокус” појаснија дека најблиските на девојката не сакале да споделуваат повеќе детали, потенцирајќи дека случајот бил пријавен во полиција.

,,Фокус” побара детали за случајот од Министерството за внатрешни работи, но одговорот од таму е дека ниту во тек на вчерашниот, ниту пак во тек на денешниот ден е пријавено исчезнување на лицето во Скопје.

Од таму додаваат дека по извршени проверки ширум земјава, не е регистрирана пријава за исчезнување на посоченото лице во ниту една полициска станица, во било која општина во Македонија.

Дали станува за лажна вознемирувачка вест, или пак семејството на девојката направило ненамерен пропуст и не го пријавило исчезнувањето во МВР, останува неодговорено прашање.

Вики КЛИНЧАРОВА Фокус Линк до оргинална содржина на Фокус тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...