10.9 C
Ohrid
понеделник, април 28, 2025
ПочетнаМакедонијаУникатното Охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за Наутика во Белград

Уникатното Охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за Наутика во Белград

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Охридски „Зелен Град“ го претстави уникатното Охридско кајче со фотоволтаични панели и електичен мотор на Меѓународниот саем за Наутика во Белград.

<

ЕКО Здружението „Зелен Град” од Охрид имаше забележително учество на Меѓународниот саем за Наутика во Белград, Република Србија.
Се претставија со единствениот и уникатен експонат на саемот, традиционалното Охридско кајче на кое беа поставени фотоволтаични панели и иновативен електичен мотор.
– Бродскиот мотор е создаден со примена на напредната технологија на комбинирани намотки „Славјанка“. Се карактеризира со голема моќност, што му овозможува да го движи кајчето без поголеми проблеми, со користење на енергија од фотоволтаичните панели, информираат од „Зелен Град“.
На саемот за Наутика беа прикажани јахти, глисери, катамарани и мотори од најголемите светски произ
– Меѓу нив нашето кајче беше единствено со поставени фотоволтаични панели, со електро мотор и изработено од еколошки материјал – дрво и метал. Се планира да се направат уште неколку тестови со фотоволтаичните панели на Охридското Езеро и со тоа да се иницира транзиција на водениот транспорт до еколошки извори на енергија, за зачувување на чистотата на водата, флората и фауната на езерото, потенцираат од „Зелен град“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина проф. д-р Миле Димитровски, доајен на научната мисла на машинството во Македонија

Машинскиот факултет и инженерската заедница во жалост Почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор на Машинскиот факултет во пензија и истакнат доајен на научната мисла...

Казна за братот на градоначалникот на Гази Баба, а за полицискиот службеник кривична пријава !!!

Возел 88 km/h на место во Скопје каде максималната дозволена казна е 50 km/h, но по телефонско јавување од полициски началник, казната била пишана...

На скала од 1 до 5, патната инфраструктура во Македонија експертите ја оценуваат со 3 или 4

На скала од еден од пет,патната инфраструктура во Македонија експертите ја оценуваат со просек помеѓу три и четири.Патиштата од највисок ранг во нашата држава...

Украдено возило во сопственост на АРМ

Украдено е возило во сопственост на Армијата кое било оставено кај автомеханичар, информираа од полицијата. Вчера во 08.40 часот во СВР Скопје, С.А. пријавил дека...