23.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 16, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицаец крадел струја за неговата чајџилница

Полицаец крадел струја за неговата чајџилница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “ по член 235-а став 1 од КЗ.

<

Имено, во временски период од 01.03.2024 година до 09.01.2025 година С.Ш. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, без согласност од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Куманово во електричното броило кое се води на А.М. од с. Липково, извршил премостување на трите фази со кабли пред електричното броило директно во електричните проводници кои водат кон угостителски објект, без притоа електричната енергија да биде регистрирана од страна на електричното броило и неовластено ја користел за своите потреби, со што на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и причинил материјална штета од 398.847 денари, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник С.Ш. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицаец издавал службени тајни од МВР по казина и кафулиња

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе...

Од вечерва на полноќ се зголемуваат цените на горивата.

Цените на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95, ЕУРОСУПЕР 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ поскапуваат за 1,5 денари. Според новите...

Одбележани 82 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Oсумдесет и две години од стрелањето на 12 младинци, за време на Втората светска војна, беа одбележани денеска во месноста Моклиште во кавадаречкото...

Деветта иницијатива на ИПА Охрид за изградба на велосипедски патеки во охридско-струшкиот регион

Деветта иницијатива на ИПА Охрид за изградба на велосипедски патеки во охридско-струшкиот регион Армија велосипедисти (вкупно 178 велосипедисти рекреативци , од Охрид, Струга, Скопје, Ресен,...