Организиран превоз од Скопје за Струшката Литија
СООПШТЕНИЕ
Покана за учество во Струшката Литија – 7 мај (среда)
Ве покануваме да земете учество во величествената Струшка Еордија – света Литија во чест на Св. Великомаченик Георгиј Победоносец, еден од најзначајните православни настани во Македонија.
Настанот ќе се одржи на 7 мај (среда), со почеток во 16:00 часот, во градот Струга, каде што илјадници верници од земјава и дијаспората се собираат заедно во молитва, благодарност и духовна радост.
Организиран превоз:
– Поаѓање: од Скопје, од Пресвета Богородица карши МАНУ во 12:00 часот
– Попатно собирање: Тетово, Гостивар, Кичево (со пониска цена)
– Превоз: Автобус
– Цена: 1000 денари (повратна карта)
Контакт за пријавување и информации:
078 435 275 – Калина
Бројот на места е ограничен – ве молиме пријавете се навреме!
Во Литијата ќе учествува и Бигорското братство, заедно со
Архиепископот г.г. Стефан, епископот Партениј, монаштвото, сестринствата, свештенството и градскиот оркестар на Скопје.