30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаУбиство во Србјани кичевско: Со секира ги нападнал родителите, го убил татко...

Убиство во Србјани кичевско: Со секира ги нападнал родителите, го убил татко му, мајката се е во нконтактибилна состојба

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“.

<

Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите, а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба. Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава“, велат од МВР.

Од Обвинителството велат дека лицето е задржано.

„Во врска со настанот во кичевско каде маж со секира ги нападна родителите, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево изврши увид на лице место во семејната куќа во селото Србјани, прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Лицето е задржано и текот на денот ќе следи постапка“, велат оттаму.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...