26.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Градскиот парк кај бараките на Град Скопје е украден споменикот на...

Во Градскиот парк кај бараките на Град Скопје е украден споменикот на Крсте Петков Мисирков

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Градскиот парк кај бараките на Град Скопје е украден споменикот на Крсте Петков Мисирков, додека спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена. До полицијата вчера исто така имало пријава дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски, но и дека биле украдени две бронзени бисти од Градските гробишта Бутел.

<

– На 12.05.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена- стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Истиот ден, додаваат, било пријавено дека од дворот на Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, била одземена и спомен биста на Ѓорѓија Пулевски.

– Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски – додаваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

МВР информира и дека вчера Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти и дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...