8.4 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаКриптовалути од над милион евра, земјшите, џип, сметка во Бугарија…каков имот пријавил...

Криптовалути од над милион евра, земјшите, џип, сметка во Бугарија…каков имот пријавил Богојески?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Тој поседува 11 биткоини, за кои проценил дека моментално вредат 59.734.070 денари (околу еден милион евра), како и 129 етериуми купени во Србија за 125.000 евра.

<

Покрај криптовалутите, Богојески има и сметка во Бугарија, но нема информации за нејзината состојба. Во 2012 година купил стан со гаража во општина Карпош, со сегашна проценета вредност од 278.000 евра. Годинава во Ракотинци купил земјоделско земјиште вредно околу 26.000 евра. Исто така, минатата година набавил нов SUV модел „Фортинг T5EBO“ за 30.000 евра.

Во делот на деловни удели, тој поседува 61% од компанијата ДТУ „Бегова Корија“ ДОО Скопје, која го стопанисува одморалиштето „Шула Мина“, со вкупна проценета вредност од 550.000 евра. Има и влог од 5.000 евра во компанијата ВФП Фонд Менаџмент.

Богојески пријавил и низа странски финансиски вложувања. Од 2020 година има влог од 50.000 евра во американски валутен фонд и животно осигурување вредно 15.000 евра. Осигурителни полиси имаат и неговата сопруга и деца, додека неговите деца поседуваат акции во банка во основање во САД – иако не се наведуваат точни суми.

Тој има две девизни сметки (во евра и долари), два персонални сефа (еден во евра, друг во денари), како и девизна сметка во банка во Бугарија. Има и девизна готовина – наследена и стекната – во вредност од 120.000 евра.

Во листата е вклучен и златен накит проценет на над 40.000 евра, како и икони со благородни метали вредни околу 20.000 евра.
Извор: 24инфо.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите,...

Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не

Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е...

Мицкоски: Овој ден да се запише во истотијата, потпишан договор со обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Историски ден за Македонија! Денеска остварив средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. На средбата постигнавме согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со...