25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаСветПратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите, заканувајќи се дека ќе скокне. За време на својот говор од покривот, Хојвик им порача на минувачите дека не осудува никого, дури ни премиерот Роберт Голоб, но истакна дека „она што го прават со оваа земја не е исправно“. Во еден момент, тој се закани дека ќе скокне, предизвикувајќи загриженост кај присутните..
Пожарникарите пристигнаа на местото со скали и по некое време, Хојвик изјави дека е подготвен да слезе од покривот со нивна и со помош на полицијата. По настанот, пратеничката група на СДС се извини и побара разбирање од јавноста. „Искушенијата што ни ги наметнува животот понекогаш се премногу тешки. Ве молиме за разбирање и сочувство. Ви благодарам!“, се наведува во соопштението.

<

Видео ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...

Се уште трае потрагата по Теодора, семејството бара поголем ангажман од надлежните институции

Семејството на Теодора Бабарчиќ моли за било каква помош за пронаоѓање на 16-годишна ќерка Теодора Бабарчиќ која во четвртокот попладне исчезна во водите на...

Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван...