30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаИсто како во филмовите: Затворениците во Македонија да имаат алка на една...

Исто како во филмовите: Затворениците во Македонија да имаат алка на една од нозете !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија да имаме затвореници во куќен затвор кои ќе бидат под електронски надзор. Според него, ова е голема работа со оглед дека во затворите низ земјава имаме 2.300 затвореници и 400 притвореници. Во дел од затворите има над 100 отсто исполнетост на капацитетот и оттаму основната намена на алките е да се намали затворската популација.

<

Во моментов, 60 лица се апликативни кои треба да добијат алки. Постојат два начини за добивање – самите затвореници преку нивните адвокати или самите затвори.

-Позитивните закони овозможуваат на три категории затвореници да имаат алки – на стари и изнемоштени лица, бремени жени или мајки со мали дечиња или на тешко болни и лица со инвалидитет. Самите затвори можат да побараат за одредена категорија на осуденици, кажа Пандов на прес-конференција и информира дека кај него на нога веќе има една алка која се тестира. Додаде дека алката функционира.

Според него, Управата за санкции формирала одделение за електронски надзор. Ако се оддалечиш од периметарот или ако го мрдате рутерот, алката покажува црвено и сигнализира. Од УИС потоа се јавуваат на осуденото лице затоа што во секој рутер има сим-картичка.

-Ако тој не се јави, има право на едно негово блиско лице кое може да се јави. Ако и тој не се јави, се јавуваме во полиција. Верувам дека човек кој што ќе добие алка дека нема да си дозволи да ја злоупотребува, прецизира Пандов кој информира и дека еден затвореник ја чини државата над 2.000 денари дневно.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...