Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, а како што велат очевидци со кои разговараше „Апла“ слушнале силен тресок пред да избувни огнот. Ветрот го разнесол пламенот на останатите два автомобила што биле оставени на паркингот -„пасат“ и дачија“.
<
„Во 24 и 20 часот имавме дојава за пожар. Упатено беше едно возило на улица „Леринска“ со 5 пожарникари. Интервенцијата траеше еден час до 1 и 20 часот. Зафатени беа три возила. “ изјави командирот на Горан Димкоски за „Апла“ .
Неофицијално првиот опожарен автомобил бил во сопственост на семејството на бизнисмен од Битола.