17.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонските инженери бараат објаснување од ЕВН кој и како ја пресметува струјата

Македонските инженери бараат објаснување од ЕВН кој и како ја пресметува струјата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија до компанијата ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, како универзален снабдувач со електрична енергија.

<

согласност со Тарифниот систем бр. 01-2437/1 од 17.11.2023 година, побаравме од ЕВН доставување на низа информации од суштинско значење за транспарентноста на процесот на формирање на цените на електричната енергија, меѓу кои се:

Финансиски извештаи и бруто биланси за 2023 и 2024 година,
Податоци за набавена и планирана електрична енергија за 2023, 2024 и 2025 година,
Број на домаќинства и мали потрошувачи, како и нивната потрошувачка во последните 12 месеци,Број на домаќинства и мали потрошувачи, како и нивната потрошувачка во последните 12 месеци,
Локации на веб страните од јавно објавените предлог-одлуки и мислења од јавноста,
Објаснување за математичките методи за формирање на цените и применетите коефициенти.
Ова барање е поднесено поради сомневања за можни несогласувања во објавените цени и коефициенти при формирањето на цената на електричната енергија, за кои е потребно детално образложение и транспарентна проверка. Целта е да се обезбеди јавно одговорно и отчетно управување со процесот на одредувањето на цената, што е од исклучителен јавен интерес.

Очекуваме целосен одговор во рок од пет дена, идентично како роковите што се пропишано со Тарифниот систем при прибирањето на мислења и предлози од јавноста во врска со Предлог одлуките за цените кои ги носи универзалниот снабдувач ЕВН.

Оригиналниот текст на барањето е приложен кон ова соопштение.

БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СОГЛАСНО ТАРИФНИОТ СИСТЕМ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...