16.9 C
Ohrid
среда, мај 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЃорѓиевски со нов проект: Бесплатна полуматурска прослава за сите деветоодделенци во Кисела...

Ѓорѓиевски со нов проект: Бесплатна полуматурска прослава за сите деветоодделенци во Кисела Вода

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кисела Вода воведува нов концепт за одбележување на полуматурата, кој за првпат во Македонија обезбедува бесплатна и заедничка прослава за сите ученици од деветто одделение. Иницијативата е дел од новиот телевизиски проект „Мисија Полуматура“, кој се реализира во соработка со Телма телевизија, а зад неа стои градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

<

Проектот има за цел да промовира еднакви можности за сите деца, без разлика на нивната социјална или економска позадина. Прославата е дневна, целосно финансирана од општината, а се организира со учество на околу 40 ученици од сите основни училишта во општината, кои активно се вклучени во осмислување и реализација на настанот.

„Нашата цел е секое дете да има достоинствена можност да одбележи важен животен премин. Со овој проект не само што ја олеснуваме организацијата за родителите, туку и ги учиме младите на тимска работа, одговорност и креативност“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Првата епизода од емисијата „Мисија Полуматура“ веќе беше емитувана минатата сабота на Телма, со реприза во понеделник, и наиде на позитивен одѕив од јавноста. Проектот претставува спој на едукација, медиумска продукција и забава, преку која учениците ги демонстрираат своите организаторски и комуникациски вештини.

Локалната самоуправа најавува дека ваквите иницијативи ќе продолжат и понатаму, со фокус на инклузија, поддршка и активно учество на младите во креирањето на заедничката иднина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трајко Славески e новиот гувернер на Република Македонија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка. „При донесувањето на одлуката, Претседателката...

Општина Дебрца заедно со Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца аплицираа на Јавниот повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите

Општина Дебрца заедно со Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца аплицираа на Јавниот повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу...

Уште едно ветување реализирано- Денес, започнаа градежните активности за асфалтирање на крак 1 во Долно Лакочереј.

Уште едно ветување од страна на градоначалникот на Охрид е реализирано. Денес, започнаа градежните активности за асфалтирање на крак 1 во Долно Лакочереј. Кракот е...

Позади Фб страната Библиска Македонија се криеле велешани кои продавале молитви !!!

Приведен измамник од Велес, на интерет продавал наводно благословени предмети На 20.05.2025 во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA - Струмичка Eпископија пријави...