19.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаОткако деца повредија штрк во Гевгелија-Биолог ни објаснува колку штрковите се корисни...

Откако деца повредија штрк во Гевгелија-Биолог ни објаснува колку штрковите се корисни за сите нас

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од Анима Мунди вчера објавија дека деца во Гевгелија измачувале штрк и бараат реакцијата од надлежните, но она што треба да го знаеме е дека штрковите се многу значајни и корисни во природата.

<

Тие се хранат со змии, гуштери, жаби и често ги нарекуваат „чистачи во природата“. Доколку бројот на штркови се намали, бројот на влекачи ќе се зголеми, а тие пак се опасни за луѓето. Биологот Анита Стојанова вели дека свеста кај децата треба да се зголеми за заштита на животните, да научат да се однесуваат хумано со нив и да развијат емпатија.

„Штркот се храни со змии, жаби, тој е алка од синџирот на исхрана во природата и со негово нарушување, се уништува и биодиверзитетот. Се нарушува рамнотежата. Тоа е цела популација на штркови кои доаѓаат тука за да се прехрануваат. Змиите пак за нас се опасни. Ако нема доволно штркови, ќе се зголеми бројот на змиите и слично. Нормално дека зборуваме за тоа на часовите, јас работам со деца од 6-то одделение. Секое животно е дел од природата и сите се важни за здрава животна средина. Ежовите се слични, се хранат со змии. Треба да се разбуди емпатијата. Ако децата добро се однесуваат кон животните, утре ќе пораснат во личности кои добро ќе се однесуваат и со луѓето“, вели Стојанова.

Инаку, за измачуваниот штрк во Гевгелија, според објавите на социјалните мрежи, малолетниците со велосипеди намерно го повредиле. Очевидици рекле дека има и снимки од безбедносните камери кои ќе покажат дека децата намерно биле насилни. Од Анима Мунди велат дека насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација.

Македонското еколошко друштво лани спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Евидентирани се вкупно 1.765 гнезда на штркови (1.388 активни гнезда и 389 неактивни гнезда – односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите, или имало само една возрасна птица). Вкупниот број на изведени штркчиња беше 3,934.

Штрковите најчесто ги населуваат рамничарските региони и најголем дел од гнездата се наоѓаат во населените места. Како региони со најмногу гнезда на штркови се издвојуваат Пелагонија (541 гнездо) и Овче Поле (326 гнезда). Стојаково и Чешиново се познати како села со голем број штркови.

Сања Атанасовска
Извор Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...