22.9 C
Ohrid
петок, јуни 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСања Миа ги отпеа своите маки и страдања во новата печалбарска песна...

Сања Миа ги отпеа своите маки и страдања во новата печалбарска песна – „Сакам дома да си дојдам

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сања Миа со нова песна: „Сакам дома да си дојдам“ — животна приказна од болка, мака и нова среќа.

<

Некогашна ѕвезда на македонските кафеани, пејачката Сања Миа, денес Аврамовски, повторно се појавува на музичката сцена — но овојпат со песна што доаѓа од душа, од маки и печалбарски солзи. Песната „Сакам дома да си дојдам“, како што вели таа, е аманет за сите кои се далеку од родниот праг и ги чувствуваат товарите на странскиот живот.

Сања неколку години беше активна низ кафаните во Македонија, каде нејзиниот глас беше омилен меѓу публиката. Но, поради лични разочарувања, особено од колеги кои, според неа, „немаат ни ‘п’ од пејачи“, се повлече од јавноста и им се посвети на нејзините три ќерки и семејниот живот.

Животот ја одведе во Италија, во градот Алба, каде работеше дури по 17 часа дневно во пекара. „Секој ден ми беше борба, ама борба со цел – да заработам повеќе за децата и иднината раскажува Сања низ солзи. Сепак, животот ѝ подари втора шанса љубов и поддршка во вториот брак со бизнисмен кој има успешен бизнис во една европска земја.

„Најмногу ми е жал кога ќе ме сретнат луѓе на улица и ќе ми кажат дека местото ми е на сцена. Знам дека е така, ама инаетот и обврските ме држат настрана,“ искрено признава Сања.

Новата песна, со текст на Бранко Николовски и музика на познатите имиња Џељо Дестановски и Амет Амети, наскоро ќе биде објавена на Јутјуб, а Сања размислува и за видеоспот.

„Оваа песна не е само песна – ова е мој живот, моја болка и надеж. Ако барем еден човек се препознае во неа, мојата душа ќе биде мирна,“ завршува Сања.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнат е штипјанецот Владимир Бурев

Од вчера рано наутро се трага по штипјанецот Владимир Бурев. Според информациите од семејството, не му се знае трагата од 12ти јуни, околу 4...

Тешка сообраќајка кај Ново Село на патот Кичево–Охрид: Се судрија камион и патничко возило

Утрово, на регионалниот пат Кичево–Охрид, во близина на селото Ново Село, општина Дебрца, се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувале камион на градежна...

МВР до граѓаните: Бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција

☎️☎️ Известување ☎️☎️ Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат мерки за...

Епископот Партениј му честиташе на Георгиј за изборот на митрополит Дебарско-кичевски

Епископот антаниски г. Партениј му честиташе на Георгиј на изборот на митрополит Дебарско-кичевски. Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот,...