26.9 C
Ohrid
петок, јуни 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица: 73 отсто од учениците се функционално неписмени

Левица: 73 отсто од учениците се функционално неписмени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со години наназад бројот на ученици во македонските училишта опаѓа, а бројот на наставници континуирано расте. Само оваа година, споредено со претходната, во училиштата ширум Македонија биле ангажирани над 600 наставници повеќе. Во исто време, бројот на основци и средношколци се намалил за неколку илјади!

<

За жал зголемениот број на наставници не значи и поголем квалитет на образованието. ПИСА тестирањето јасно покажува дека дури 73,6% од учениците на 15-годишна возраст се функционално неписмени – не се оспособени да читаат со разбирање. Исто така, 66,2% не ја совладале математиката на основно ниво, а 65,3% не го разбираат основниот концепт од природните науки. Според извештајот на УНИЦЕФ, секое трето дете до 18 години е функционално неписмено. Во меѓувреме, просечниот успех на учениците расте, а сè помалку ученици одат на поправни испити или повторуваат одделение, што директно покажува дека оценките се девалвирани и не ја одразуваат реалната слика“, се вели во соопштението на Левица.

Ако земеме предвид дека бројот на млади во државата драстично опаѓа – за една деценија, од 2011 до 2021, бројот на деца до 18 години е намален за 18% – и ако од тие што останале секое трето дете е функционално неписмено, тогаш јасно е дека партиите на власт ја уништуваат иднината на Македонија.

„Ова е резултат на децениското владеење на ротирачките партии – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ – кои девастивирајќи го образовниот систем, го обезбедуваат сопственото владеење. Ова не е само статистика, туку аларм за итна промена! Нужно е итно да се крене глас и да се бара одговорност од оние кои го доведоа образовниот систем до колапс! Ученици без книги, просветни работници без потребни квалификации, училишта што не исполнуваат никакви стандарди и кадаровската политика согласно потребите на партиите, доведе до пеплосување на образовниот систем, којшто наместо да гради, ја уништува иднината на учениците“ додаваат од партијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Премиерот Мицкоски го отвори реконструираниот пат Охрид – Св. Наум- Вреден 11,7 милиони евра

Од брегот на Охридското Езеро, премиерот Христијан Мицкоски денеска го пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум, проект кој долго...

Коцевски: Приведените 13 полицајци дозволиле активирање на пиротехниката во кочанската дискотека.

Приведени се 13 лица со полициско овластување во синоќешната акција на ОЈО за организиран криминал и корупција, потврди на денешната прес-конференција државниот јавен обвинител,...

Бислимоски: Ќе има поскапувања на горивата и во Македонија ради конфликот меѓу Израел и Иран.

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран веќе се одразува на светските берзи, а ефектите ќе се почувствуваат и во Македонија, предупредува претседателот на...

Исчезнат е штипјанецот Владимир Бурев

Од вчера рано наутро се трага по штипјанецот Владимир Бурев. Според информациите од семејството, не му се знае трагата од 12ти јуни, околу 4...