15.3 C
Ohrid
сабота, јуни 14, 2025
ПочетнаМакедонијаПецаков: По гравитационен пат 60% од територијата на општина Охрид ќе се...

Пецаков: По гравитационен пат 60% од територијата на општина Охрид ќе се снабдува со вода без да се потроши електрична енергија !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

-Охрид долги години беше позната како општина која е една од најзадолжените заедно со Тетово и нашиот долг околу 2013 го достигна пикот и беше околу 36 милиони евра. На прес излегов со пресек дека блокадата, заедно со тековни работи и фактури коишто се завршени долгот е 14.5 милиони евра. Со кого и да разговарав во Охрид сите знаеја дека функционираме под блокада, во 2024 година ја одблокиравме општината, а во 2025 година пренесовме 4 милиони евра на сметка.

<

Така да позитивното финансиско работење е едно од работите на кои што сум посебно горд, рече Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид во своето гостување во поткастот ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“.

Градоначалникот Пецаков во текот на своето гостување се осврна и на тоа што може да очекуваат граѓаните на Охрид до крајот на неговиот мандат каде наброја неколку проекти.

-Почеток на плоштадот Чинар, почеток на катната гаража, повеќе инфраструктура во руралните средини и ќе ја превршиме онаа динамика која што веќе сме ја започнале и наметнале во изминатите 4 години. Јас само можам да замислам како би било да настапивме со позитивна сметка или без долгови или со многу ситно нешто, укажа тој.

Пецаков го истакна и планираниот проект за стратешко водоснабдување по гравитационен пат каде околу 60% од територијата на општина Охрид преку Плакенска планина ќе се снабдува со вода без да се потроши електрична енергија.

-Ние сме спремни наредната година да го започнеме стратешкото водоснабдување на градот Охрид по гравитационен пат. Околу 60% од територијата на општина Охрид преку Плакенска планина ќе се снабдува со вода без да потрошиме електрична енергија. Дури може и да го искористиме сиот тој потенцијал кој што самиот извор го носи и за нас ќе претставува голема помош за нормалното водоснабдување на градот, кажа тој.

На крај градоначалникот Пецаков ја посочи и помошта од Владата каде истакна дека како општина аплицирале со 24 проекти и добиле помош од околу 9 милиони евра.

-Ние аплициравме за 24 проекти на двата повици од Влада и тоа е некаде околу 9 милиони евра. Тоа е огромна помош, порача тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Премиерот Мицкоски го отвори реконструираниот пат Охрид – Св. Наум- Вреден 11,7 милиони евра

Од брегот на Охридското Езеро, премиерот Христијан Мицкоски денеска го пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум, проект кој долго...

Коцевски: Приведените 13 полицајци дозволиле активирање на пиротехниката во кочанската дискотека.

Приведени се 13 лица со полициско овластување во синоќешната акција на ОЈО за организиран криминал и корупција, потврди на денешната прес-конференција државниот јавен обвинител,...

Бислимоски: Ќе има поскапувања на горивата и во Македонија ради конфликот меѓу Израел и Иран.

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран веќе се одразува на светските берзи, а ефектите ќе се почувствуваат и во Македонија, предупредува претседателот на...

Исчезнат е штипјанецот Владимир Бурев

Од вчера рано наутро се трага по штипјанецот Владимир Бурев. Според информациите од семејството, не му се знае трагата од 12ти јуни, околу 4...