15.3 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаОдбележани 82 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Одбележани 82 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Oсумдесет и две години од стрелањето на 12 младинци, за време на Втората светска војна, беа одбележани денеска во месноста Моклиште во кавадаречкото село Ваташа. Беше положено цвеќе пред споменикот и бистите на младите луѓе.

<

Тие беа млади – со соништа, со љубови, со живот пред себе. Но, во мигот кога слободата беше задушена, тие не молчеа. Не се скрија. Се исправија. Се издигнаа. Со голи раце, но со огнени срца, го избраа отпорот наместо покорот. Правдата наместо стравот. Македонија – наместо себеси, рече меѓу другото, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Тие беа обични момчиња, истакна тој, а станаа вечни херои.

– Никогаш нема да дозволиме да бидат заборавени, подвлече градоначалникот.

Историски час одржа кустос историчар Натка Китева од Музеј галеријата во Кавадарци. Беше реализирана и пригодна програма.

Фото: МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ

Во најавената епизода на „На кавга со Иван“, новинарот Иван Мирчевски го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, дали во март годинава гласал на...

Ѓоковиќ добил Златна виза, со семејството ќе живее во Грција.

Грците со гордост објавуваат дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се пресели во оваа земја со своето семејство и ќе започне ново...

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата пратка со компресивни костуми за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои пристигнаа од специјализирана фирма во...

Левица: Работниците да работат по 6 часа во денот, а платата да биде иста.

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција го најави поднесувањето на Предлог-законот за скратување на работното време од осум на шест часа, без...