Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата пратка со компресивни костуми за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои пристигнаа од специјализирана фирма во Бугарија, „Хелт2000“.
<
На денешното предавање на донацијата присуствуваа претставници на бугарската фирма, како и на производителот „Јузо“ од Германија.
Од „Супорт Кочани“ велат дека компресивните костуми се потребни кај пациентите кои имаат трансплантирана кожа, ги стегаат нервите и ги задржуваат виталните функции на самото место, прстите и слично, Доколку не се носат специјалните одела, некои од пациентите се во опасност од трајни оштетувања и инвалидитет.