17.1 C
Ohrid
среда, јуни 25, 2025
ПочетнаМакедонијаНе е мито подарок до 3.000 денари: Вработените во јавниот сектор ќе...

Не е мито подарок до 3.000 денари: Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Подароци во вредност до 50 евра ќе можат да примаат вработените во јавниот сектор, без да се сметаат за мито. Со измените во Предлог законот за вработени во јавниот сектор се зголемува сумата што можат да ја добијат административците. Во законот пишува дека вработените не смеат да бараат ,ниту примаат подараци поврзани со нивната работа, со исклучок на протоколарни и повремени подароци од пониска вредност.

<

За подароци со пониска вредност се сметаат оние кои не ја надминуваат сумата од 3,000 денари или подароци добиени од иста личност чија вкупна вредност не недминува 4,000 денари годишно.. До сега за подарок со пониска вреднсот се сметаше подарок до 1,000 денари.

Сепак, во законот е наведено дека вработените се должни да ги предупредат дарителите на протоколарни подароци или подароци од понсика вреднсот дека истите стануваат сопственост на институцијата, откако претходно ќе се внесат во евиденцијата на подароци.

Предлог законото е со европско знаменце и ќе се најде на собрансика седница крајот на овој месец. Инаку на денот на државните службеници , првиот човек на ова министерство порача дека админситрацијата мора да биде компетентна и ефикасна, а за тоа веќе се почнати реформи.

-Кога се зборува за јавен сектор, се мисли и на здравство,образование, полиција, протопожарни екипи, а не само на шалтерски работотници. Сите тие имаат исти барања – повисоки плати и подобри услови за работа, вели синдикалниот лидер на јавниот сектор. Во некои сектори имаше придвижување, не но и кај државните службеници и правосудните органи.

-Кога се зборува за јавниот сектор, овде спаѓаат здравството, обрзованието, полицијата, без кои ние граѓаните не можеме да функционираме и каде изминатиот период имале придвижување во делот на платите и условите за работа, изјави Трпе Деаноски, претседател на Синдикат на УПОЗ

Во јавниот сектор работат 128 илјади лица. Во некои сектори се испочитувани Колективните договори, со кои имаат зголемување на платите и додатоците на плати, но кај дел се уште не се. Деаноски очекува во целост исполнувње на она што е договорено затоа што, како што вели 80% од вработените во јавниот сектор земаат под просечната плата.

Наташа Мерсовска Тв Сител.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Перо Антиќ откри: Панчо ќе направи концерт во чест на жртвите од трагедијата во кочани

Поранешниот кошаркар Перо Антиќ, гостувајќи во поткастот кај Бојан Јовановски – Боки 13, сподели емотивен момент од негов телефонски разговор со Панчо од ДНК,...

СВР Охрид: 75-годишен охриѓанец починал по службен разговор во полиција

На 23.06.2025 во 16.40 часот во полициската станица Охрид, откако полициски службеници извршиле службен разговор со 75-годишен охриѓанец, на излезот од објектот на...

Судењето за таткото на Васил Јованов е одложено

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов – младиот возач кој во јануари годинава ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“...

По средбата со премиерот, Богојевски станува од директорското столче- Сега ќе раководи со друга институција.

Петар Богојески заминува од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова доаѓа по два ипол месеци откако беше назначен за директор. За...