Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“
<
Според очевидци, скопјанецот бил прегазен од мотор кој бегал од полицијата, а стравичната несреќа се случила под прозорецот на станот во зградата во која живеел.
Негов познаник објави статус на Фејсбук во која пишува: „ Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот“.