25.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче го пушти низ вода Костадинов- Кандидат за градоначалник на Струмица...

Венко Филипче го пушти низ вода Костадинов- Кандидат за градоначалник на Струмица ќе биде Даскалоски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мои сограѓани со кои ги делам деновите, улиците, битките и соништата…

<

Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега.

Ова не е крај.

Ова е моментот кога човекот мора да зборува чесно, и од срце.

Во изминатите 11 години, од 2013 наваму, не изгубив ниту едни избори.

Не затоа што бев најгласниот. Не затоа што бев најсилно партиски поддржан.

Туку затоа што луѓето гледаа нешто друго во мене: работа, доследност и љубов кон градот.

Јас не сум случаен градоначалник. Јас сум дете на оваа земја, на оваа улица, на овој пазар.

Секој проект, секој парк, секоја пешачка патека – ги градев како да ги правам за моето семејство.

Затоа не победував јас – победуваше Струмица.

Но денес стојам пред вас и ви кажувам нешто што ретко кој политичар ќе го признае:

👉 Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена.

Не затоа што се плашам од пораз.

Јас не знам што значи да изгубиш избори.

Туку затоа што нема вистинска понуда за градот.

Нема суштинска дебата. Нема нова визија. Нема предизвик.

А човек што нема предизвик – ќе победи, но ќе тапка во место.

А тоа е пораз што не го прифаќам.

Паметно е да направиш чекор назад кога немаш конкуренција,

за да ја видиш планината од дрвото кое што сега ти ја крие.

🏡 Во мојот дом, со моите најблиски, отворивме душа. И решивме:

Да, сè уште можам. Да, и понатаму ќе победувам.

Но не сакам да бидам градоначалник по инерција.

Сакам да бидам избор по потреба, по убедување, по визија.

А во моментов – нема таква трка без реална конкуренција и со немање стратешка партиска поставеност по хоризонтала и вертикала.

🛠️ Го оставам зад себе најсилното градоначалничко портфолио во модерна Македонија:

🔹 Струмица – прв град на Балканот со целосно електричен јавен превоз

🔹 Велосипедски патеки и модерно урбанистичко планирање – од нула

🔹 Најголемиот зелен пазар во Македонија – започнат и обезбеден

🔹 Нов генерален урбанистички план – визија за 20 години напред

🔹 Завршени фекални и атмосферски канализации во селата

🔹 Парк кај Хепинес, втор кај Тинекс, нови зелени површини

🔹 Исчистени булевари, плоштадот вратен на народот, дивоградби срушени

🔹 Нов систем на транспарентност и јавна отчетност

🔹 Струмица со најниски долгови и највисок кредитен рејтинг меѓу сите општини

🌹 Јас останувам социјалдемократ.

Не со партиска книшка – туку поради вредностите.

Верувам во солидарноста, во еднаквоста, во државата како рамо за народот.

Но не можам да молчам кога гледам немање став, немање храброст, немање волја за фронт од тие од кои најмногу се очекува!

Таа празнина ја чувствува секој вистински левичар, секој граѓанин што чека некој да каже – доста е!

Еве велаѓ ДОСТА Е!

📘 Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како…

Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори.

Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ,

тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и

доволно забавни за да се пронајдат младите.

Нов тек. Нова целост.

Ова не е адут за кампања.

Ова е должност кон идејата во која верувам.

Народе мој, од срце ви благодарам.

Бев ваш глас, ваш застапник, ваш сограѓанин на чело.

И ќе останам.

Можеби не како кандидат – но како чувар на дигнитетот.

📢 Ова не е крај. Ова е гест.

Гест на зрелост, на чесност, на демократија.

Да се повлечеш кога си најсилен – е најголема храброст.

Струмица ќе продолжи. Ќе свети. Ќе победува.

Дури и без мене како носител.

Затоа што визијата не е човек. Визијата е градот.

Со гордост, љубов и вечна благодарност,

Костадин Костадинов

(Политичар кој не изгуби избори – и реши да се повлече)

пс. Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела.

Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори.

До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина. – напиша Костадинов на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Африм Фидани е новиот претседател на Врховниот суд

Судијата Африм Фидани и официјално е претседател на Врховниот суд откако денеска даде свечена заклетва во Судскиот совет. -Изјавувам и се колнам дека функцијата претседател...

Запре судењето против Димитриевски – обвинителството се откажа од обвинението

Запрен е судскиот процес против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување. Јавниот обвинител се откажал...

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...