24.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСтојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините Прилеп, Валандово, Богданци, Старо Нагоричане, Македонски Брод и други локации, изјави на прес-конференција Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС).

<

Во првите три денови од овој месец регистрирани се 43 пожари на отворен простор, нагласи Ангелов.
-Упатувам апел до поголемиот број македонски граѓани кои што имаат свои викендици или стари куќи во делумно или целосно напуштени села, да се погрижат за нивните дворови. Во валандовско постоеше опасност да изгорат неколку куќи во кои сеуште живеат возрасни луѓе кои го запуштиле дворот и им изникнала трева повисока од еден метар со што пожарот можеше да дојде до нивниот праг и куќите да ги запали. Апелирам граѓаните да ја искосат тревата и на тој начин ќе ни помогнат во гаснењето на пожарите бидејќи со вакво темпо и според прогнозите најверојатно ќе имаме многу тешко лето со многу пожари за гаснење и нашиот фокус наместо кон гаснење на пожарите ќе треба да биде кон одбрана на населените места, истакна Ангелов.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...

МВР ќе обезбеди мирни и безбедносни избори.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Струга порача дека МВР веќе презема мерки за обезбедување мирен и безбеден изборен процес во пресрет...

Македонците пак заминуваат- Aвтобус полн работници на пат за гроздобер во Италија и Швајцарија

Денес уште еден автобус полн со наши луѓе заминува на гроздобер во Швајцарија и Италија. Овој автобус не е само превоз – тој е...

Ѓорѓиевска: Ретко носам штикли, во патики и постојано на терен со граѓаните

Ретко носам штикли, секогаш сум во патики и постојано на терен со граѓаните“, вака ја опиша Ивана Ѓорѓиевска својата досегашна улога на претседател на...