29.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија е целосно свесна за демографската криза и е подготвена отворено да се соочи со овој сериозен предизвик.

<

Како една од мерките што се разгледуваат во насока на зголемување на наталитетот, премиерот најави дека Владата сериозно размислува за воведување посебни даноци за лицата кои не стапиле во брак.
Оваа Влада не го премолчува проблемот, го именува, го признава и се бори со него. Но, што значи таа борба? Тоа не е борба со едно министерство, тоа е борба на сите нас. Борба што се води во градинките, училиштата, родилиштата, во домовите, во иселеничките клубови, на граничните премини каде се простуваат мајки и синови“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека крајната цел е да се изгради општество во кое животот вреди да се живее, каде мајчинството ќе биде благослов, а не товар, и каде институциите ќе ги поддржуваат младите наместо да ги исцрпуваат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...