29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаМакедонијаСудот му додели куќен притвор на возачот кој го уби Југослав

Судот му додели куќен притвор на возачот кој го уби Југослав

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скопје се соочува со сериозни прашања по трагичната сообраќајна несреќа во која младиот Фатон Љ. (25), возејќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола, минатата недела го усмрти Југослав Николовски – Југо.

<

Возачот избегал од местото на несреќата, а полицијата на лице место пристигнала во рок од 3 до 5 секунди. И покрај тоа, Фатон „изгубил траги“ пред очите на полицијата, а се пријавил во станица дури по два дена. Судот му одреди куќен притвор како мерка за обезбедување, што предизвика силен револт кај јавноста.

Од записникот на полицијата, според информации од „Слободен печат“, се дознава дека возачот немал возачка дозвола и не возел свој мотор. Очевидците, соседи на местото на несреќата, тврдат дека не биле повикани да дадат изјава, а нивните сведоштва не се вклучени во официјалниот записник.

Возачот има претходно досие со кривични прекршоци, меѓу кои насилство врз малолетник. Обвинителството ја обжали одлуката за куќен притвор и бара ефективен притвор за Фатон.

Јавноста бара одговори за одлуката и нагласува потреба од еднаков третман на сите учесници во сообраќајот и правдата во земјава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ...