Ме тепаше со клоци, со замавнување, со закани за силување пред очите на полицајците, рече градоначалничката Данела Арсовска попладнево откако излезе од болницата „8-ми Септември“ каде беше примена по нападот во Чаир. Напаѓачот се заканувал кон неа и кон нејзинито семејство, нејзиниот син, дека ќе ги решат еден по еден, но и кон советниците кои ги плукале и фрлале со столчиња и ги нарекувал со погрдни зборови.
Таа и нејзините советници отишле таму по пријава на лице кое бесправно градело, крадело струја, вода.
Наместо да биде приведен, повеќе од половина час тој се јавувал по телефони пред полицајците и кажувал што ќе и прави нејзе и на нејзиното семејство. На местото отишле со полицајци, а потоа дошле уште десет. Тврди дека 20- пати пријавиле на 192, а МВР тврдеше дека Арсовска не сакала да пријави.
„Слободен печат“ се обрати до минситерот Панче Тошковски зошто полицајците не реагирале на лице место, но одговор не добивме. Од Обвинителството велат дека до овој момент немаат пријава или известување. МВР соопшти дека нападот го пријавило друго лице во СВР Скопје и дека Арсовска сама се упатила во болница. Информации од болницата нема.