Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, донесе одлука за помилување на шест осудени лица, со целосно, делумно или условно ослободување од извршување на казната затвор, дознава 4NEWS.mk
1. Марија Драгиша Филиповиќ од Куманово – казната затвор во траење од 3 месеци ѝ се заменува со условна осуда за време од 1 година.
2. Љубица Стеван Стојчевски од Скопје – потполно ослободена од извршување на казната затвор.
3. Тони Милан Стојчевски од Скопје – потполно ослободен од извршување на казната затвор.
4. Мете Мехметали Пашај од Чоровод – потполно ослободен од понатамошно издржување на неиздржаниот дел од казната затвор.
5. Милан Никола Косановиќ од Белград, Република Србија – делумно ослободен од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор во траење од 3 месеци.
6. Васе Ѓоко Чутров од Неготино – делумно ослободен од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор во траење од 3 месеци.