6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонија200-300 години ова е наше место, Турците не ни го зедоа а...

200-300 години ова е наше место, Турците не ни го зедоа а сега извршител сака да ни го земе”

По драмата од пред три дена кога пред куќата на Ристе Бањеглав од Карбинци извршителка со 20 полицајци дошле да му ја запленат куќата поради лихварски долг, конечно е дојдено до некаков договор за право на приговор до Основниот суд во Штип. Одземената поќукнина од Виница била вратена во куќата на Бањоглав. Сето ова се одвивало пред очите на неговите две деца.

Бањеглав и неговото семејството повторно се во нивната куќа, со право да дадат приговор на решението за присилно иселување.

„Утре треба да поднесам приговор. Барем тоа го прифати извршителката. Таа пред три дена за тоа не сакаше ни да слушне. За ваквата разврска многу ми помогна генералот Стојанче Ангелов, претседателот на мојата партија Достоинство. Благодарејќи на неговата помош дојде до ваква разврска“, вели Бањеглав во изјавата за МКД.мк.

Ристо Бањоглав

Лихварот, или со јазикот на извршителите, доверителот, според Бањеглав досега најмалку два пати си го наплатил долгот од него. „Ми го зеде комбето, дадени му се еден милион денари и трошоци за извршителката. Ќе му дадеме уште пари, само да нѐ остави на мира. Извршителката пресметала дека му должиме уште само 100.000 денари. Ќе ги најдам и тие пари, само да нѐ остават на мира. Ова не е нормално, не е христијански“, рече  Ристе Бањеглав и додаде дека тој од куќата нема да си оди по која било цена. „Ова е мое. Сам сум го изградил и спечалил. Не барам нешто да ми се даде или некој да ме сожалува“.

Сѐ почна пред три години. Тогаш Бањеглав  од сопругот на своја братучетка, лихварот, позајмил 10.000 евра. Како гаранција кај нотар ги ставил куќата и земјиштето под и околу неа. Бањоглав најпрво вратил 5.000 евра на лихварот, а подоцна и дополнителни 10.000 евра преку извршител.

И покрај тоа, преку извршител имотот неколку пати бил ставен на лицитација, а откупуван бил дури 16 пати.

На последната лицитација Бањеглави не се јавиле затоа што не биле известени, па сопственик на имотот станал лихварот, кој веднаш побарал иселување на сопствениците.

Ристе Бањеглав беше и кандидат на Достоинство за градоначалник Карбинци, а не стана градоначалник за стотина гласа. Позајмицата ја земал за подигање на фарма од 100-тина кози.

Бањеглав своевремено од државата беше награден како најдобар млад земјоделец.

Бањеглав досега финансиска помош доби од партијата Достоинство која воедно ги повикува сите граѓани кои имаат можност да помогнат за да се исплати конечно формалниот долг кој надминува 4.000 евра. Финансиската поддршка може да се уплати на сметката на сопругата на Ристо:

Ивана Бањеглав 210501697441558, Тутунска банка. 

народен глас

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...