Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во КЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола заради сомнение за сторено кривично дело „Примање поткуп“.
<
Во изјава за МИА, портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова истакна дека се преземаат мерки за расветлување на пријавениот настан и поднесување на кривична пријава.
Претходно Министерството за здравство ја осуди постапката и итно ја суспендира осомничената лекарка се додека трае истрагата, а менаџментот на ЈЗУ Клиничка болница-Битола искажа загриженост и побара истражните органи транспарентно и законито да постапуваат во овој случај.