29.9 C
Ohrid
четврток, јули 17, 2025
ПочетнаМакедонијаФирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици...

Фирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици во Делчево

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици во Делчево
.

<

Фирмата „Атеа Фемили“ ДООЕЛ од Делчево, со само пет вработени, добила тендер од Општина Делчево вреден 163.222 евра за изградба и реконструкција на улици, тротоари и патеки на територијата на општината.

Според договорот, објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, изведувачот е должен да започне со градежните активности во рок од 20 дена од денот на добиената нарачка, а доколку се работи за изградба на улици со должина до 200 метри, тие мора да бидат завршени во рок од 60 дена.

Ова не е прв пат фирми со ограничен број вработени и капацитети да добиваат јавни набавки од општините, што често ја отвора дебатата околу капацитетот за навремена и квалитетна реализација на проектите, но и транспарентноста на самите постапки.

Во моментот, не е познато дали „Атеа Фемили“ планира да ангажира подизведувачи или дополнителна работна сила за реализација на договорот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прерана загуба во Охрид – збогум учениче со светла насмевка

Тешко е да се најдат зборови што ќе ја опишат болката од прераното заминување на нашиот драг ученик. На само 16 години, засекогаш не’ напушти...

Време е за поништување на Преспанскиот договор и национално обединување, вели митрополит Агатангел

Веднаш треба да се пристапи кон поништување на одвратниот Преспански договор. Од него сè почна, и кај него сè треба да заврши. Треба да...

10 милиони се уште не се распределени од Црвен крст за настраданите во Кочани.

Поминаа четри месеци од пожарот во кочанскиот диско клуб „Пулс“ и сè уште не се целосно исплатени финансиите што се собираа од граѓаните кои...

Левица поднесе Предлог-закон за заштита на името ВМРО

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов Предлог-закон за...