Тешко е да се најдат зборови што ќе ја опишат болката од прераното заминување на нашиот драг ученик.
На само 16 години, засекогаш не’ напушти млада душа, полна со живот, со насмевка што ја носеше светлината дури и во најобичните денови.
<
Беше повеќе од ученик — беше дел од нашето секојдневие, дел од нашето училиште и нашите срца. Засекогаш ќе останеш запаметен по твојата добрина, ведрина и духот што го споделуваше со сите околу тебе.
Со голема тага и неверување се простуваме од тебе.
Почивај во мир!
Вработените и учениците при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ изразуваат длабоко сочувство до семејството за ненадоместливата загуба.