13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаАрхеолози под Охридско езеро ја открија најстарата населба во Европа стара до...

Археолози под Охридско езеро ја открија најстарата населба во Европа стара до 8000 години!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Според првичните анализи, населбата се простирала на околу шест хектари и била дом на неколку стотици луѓе, кои живееле во склад со природата, ловеле, рибареле и одгледувале култури. За целосно истражување на локацијата, научниците предвидуваат дека ќе бидат потребни децении.

<

Историско археолошко откритие го потресе научниот свет на дното на Охридското Езеро, во близина на Лин во Албанија, е пронајдена населба стара од 6.000 до 8.000 години, што ја прави најстарото човечко населено место покрај езеро во цела Европа, објави Ројтерс.

Истражувачи од Универзитетот во Берн (Швајцарија), во соработка со албански колеги, веќе шест години го проучуваат локалитетот и велат дека пронајдоците го менуваат досегашното знаење за раната цивилизација на Стариот Континент.

Оваа населба е најстарата од ваков тип која сме ја откриле во Европа. Благодарение на сочуваните органски материјали под вода, имаме уникатен увид во животот на луѓето од тој период, што јаделе, како граделе, како се движеле и што одгледувале – изјави професорот Алберт Хафнер, кој го предводи проектот.

Дрвените столбови од куќите, заедно со бакарни предмети, коски, керамика и други артефакти, се вадат од длабочина до три метри, при што се користат радиокарбонска анализа и дендрохронологија за точно датирање.

Според првичните анализи, населбата се простирала на околу шест хектари и била дом на неколку стотици луѓе, кои живееле во склад со природата, ловеле, рибареле и одгледувале култури. За целосно истражување на локацијата, научниците предвидуваат дека ќе бидат потребни децении.

– Тоа што тие луѓе го постигнале во тоа време е навистина неверојатно. Архитектурата, организацијата, прехраната, сè укажува на напредна заедница – вели албанскиот археолог Адриан Анастаси.

Охридското Езеро, кое е едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа, повторно се најде во фокусот на светската археолошка заедница овој пат, со откритие што би можело да ја прераспише историјата на човековото населување на континентот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...