15.9 C
Ohrid
среда, јули 23, 2025
ПочетнаМакедонијаСлавевски: Македонија златото го чува во Банка во Англија.

Славевски: Македонија златото го чува во Банка во Англија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонија
Славески: Македонија златото го чува во Банка во Англија, ќе проверам дали е таму
Автор:
Деск 4NEWS.MK
22/07/2025 14:59

<

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска на отворена работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, изјави дека и покрај стабилноста на девизните резерви, нивото на монетарното злато не е задоволително. Тој изрази недоумение зошто е прекината праксата на зголемување на златните резерви, особено во услови кога цената на златото на светските берзи континуирано расте.

Според Славески, вкупните девизни резерви моментално изнесуваат меѓу 4,6 и 4,7 милијарди евра, што е, како што рече, „комотна позиција“ за земјата, бидејќи покриваат приближно 4,5 месечни вредности на увозот, над светскиот препорачан стандард од 3 до 3,5 месеци.

Девизните резерви се во сигурни раце. Со нив раководат обучени професионалци, со дневно следење на пазарните движења и редовно поднесување извештаи до Собранието. Дел од средствата се вложуваат во сигурни хартии од вредност и во стабилни банки, од кои добиваме позитивен принос – изјави гувернерот.

Тој потврди дека дел од девизните резерви се чуваат во злато, кое Македонија го депонира во Банката на Англија. За есен е планирана посета на оваа институција од страна на тим на Народната банка предводен од гувернерот, со цел директна проверка на златните резерви.

– Не знам зошто е запрена практиката да се зголемува износот на монетарното злато. Во минатото го откупувавме домашното злато од рудниците и го стававме во резервите. Цената на златото само во последната година се зголеми двојно. Во услови на глобална несигурност, инвеститорите секогаш бараат сигурни средства, а златото е едно од нив – истакна Славески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Спортистка објави снимка од сместувањето во Македонија-Се урнал плафанот од бањата

Млада спортистка од Шпанија, која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал во нашата земја со својата репрезентација, на „ТикТок“ сподели снимка од бањата во...

Пратеничката Жаклина Пешевска се фати на оро со Македонците во Овчарани, Грција

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, Жаклина Пешевска, на социјалните мрежи објави снимки и фотографии од традиционалната веселба на Македонците за...

Во Вевчани запален голф со охридски регистарски ознаки !!

На 22.07.2025 во 02.53 часот во Полициската станица Струга, Н.П. пријавил дека пред неговата куќа во Вевчани, било опожарено неговото патничко возило „Фолксваген голф"...

Антонио истрча 600 км до Острог: „Ова беше за мајка ми и татко ми што ме гледаат од небото”

Македонецот, кој трчаше 600 километри од Скопје до Острог, бос пристигна на својата дестинација и падна на земјата „не од слабост, туку од благодарност“,...