19.8 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој...

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кога локалната самоуправа работи со Владата како партнер тогаш резултатите не изостануваат. Овие проекти покажуваат дека Гевгелија е дел од приказната на новото време што го живее Македонија. Дел од новата фаза на домаќинско управување, одговорна политика и градење со поглед во иднината. Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато. Денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, нова крстосница, во подобар живот. Денес испраќаме порака- продолжуваме да вложуваме, да градиме, да го менуваме лицето на секој град, секое село и секоја општина во Македонија.

<

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски од Гевгелија каде се обрати по повод пуштањето во употреба на булеварот „Свети Климент Охридски” во Гевгелија.

Премиерот Мицкоски подвлече дека денеска во Гевгелија заедно сведочат на исполнување на едно големо ветување, пуштање во употреба на капиталниот проект-улицата „Свет Климент Охридски“, обиколницата која претставува нов, современ западен булевар и е директна артерија за сообраќајниот и економскиот живот на Гевгелија.

– Ова беше приоритетен проект од програмата за работа уште во 2021 година и денес, само неколку години подоцна, го гледаме реализиран со вредност од над 120 милиони денари или околу 2 милиони евра оваа улица не е само нов асфалт, туку симбол на нашата решителност дека ветувањата не се даваат за да се заборават, туку за да се исполнат. Инфраструктурата е темелот на развојот-таму кадешто се инвестира во улици се гради и доверба, се отвораат можности се унапредува квалитетот на секојдневниот живот на луѓето. Гевгелија во изминатите години прераснува во вистински пример за тоа, потенцираше Мицкоски.

Паралелно со овој проект, додаде тој, во тек е и реконструкцијата на дел од булеварот „Гевгелија“ заедно со натпатникот на улицата „Железничка“ и железничката пруга, проект во вредност од над 25 милиони денари.

-Овие вложувања се од огромно значење затоа што обезбедуваат подобра поврзаност, безбедност и ефикасен проток на луѓе и стока. Дополнително во завршна фаза е изградбата на кружната крстосница на влезот во Гевгелија со нов мост над каналот Рауљ, како и дислокација на дел од каналот под крстосницата, проект вреден повеќе од 27 милиони денари. Тоа се крупни инфраструктурни зафати што значат подигнување на Општината на едно повисоко ниво, штом значи визија, план и конкретна работа, рече претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски.

Заедно со членовите на Владата, потпретседателот Александар Николоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински и градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов премиерот изврши увид на градежните активности на брзодинамичниот кружен тек на влезот во Гевгелија, на мостот над каналот „Рауљ”, на реконструкцијата на булевар „Гевгелија” како и на надвозникот на улица „Железничка”

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...