Очајна потрага по 16-годишната Теодора Бабарчиќ – исчезна во водите на Вардар кај Градско
Се бара 16-годишната Теодора Бабарчиќ која вчера исчезна во водите на реката Вардар во близина на селото Уланци, Општина Градско.
Последен пат е видена облечена во розеви дводелни костими за капење. Теодора има црна коса и кафени очи. Институциите се известени и трагаат интензивно, но засега сè уште се води како исчезната.
Мајката на Теодора со солзи апелира до сите:
> „Очајно ја барам ќерка ми… Ме боли душата. Ве молам, ако некој ја види – пријавете веднаш во полиција. Секоја информација може да помогне да ја најдеме.“
Апел до рибарите, земјоделците и овчарите кои се движат по течението на Вардар – од Градско до Гевгелија – да бидат особено внимателни и да пријават доколку забележат нешто сомнително.
Секој што има било каква информација, нека се јави веднаш во најблиската полициска станица или на бројот 192.
Споделете! Секоја минута е важна!