Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна тераса со гости, пријатели, роднини и љубопитни посетители кои слушнале за магијата на овој прекрасен ресорт.
<
Посетителите уживаа во врвна услуга, позитивна енергија и богата забава. За музичкиот дел се погрижи харизматичниот Дамјан Стојаноски, кој со својот настап ги крена сите на нозе и создаде вистинска роденденска атмосфера.
„Ресорт Бате Боле“ во оваа прва година покажа дека е повеќе од обично место за одмор – тоа е вистинска оаза за душата, со локација, гостопримство и понуда кои оставаат впечаток. На многу нови спомени и уште многу години успех