23.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев за лицето кое се обиде да подметне пожар: Го немам видено...

Заев за лицето кое се обиде да подметне пожар: Го немам видено од 2016 година

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицијата вчеравечер го уапсила лицето Александар Н. од Струмица, кого медиумите го поврзуваат со поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Од МВР за „Скопје1“ потврдуваат дека уапсениот го сомничат дека сторил кривично дело, но не прецизираат за кое. Според наши извори, тој бил затекнат близу приватен имот, па бил пријавен дека се обидел да потпали сува трева.

<

Според дел од пишувањата во јавност, лицето кое сега е уапсено, било поранешен шофер односно обезбедувач на експремиерот Зоран Заев. „Скопје1“ го исконтактира Заев кој посочува дека станува збор за лице вработено во Општина Струмица.

„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот (т.е. мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање а после тоа беше Кире Ангелов. Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов“, вели Заев за „Скопје1“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...

Бујар Салиу е новиот Помошник началник на СВР Битола

Битолчанецот Бујар Салиу, долгогодишен полициски службеник е новиот Помошник началник на СВР Битола, односно заменик на началникот на СВР Битола - Сашо Мирчески....

Поништена јавната набавка на 120 автобуси!

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за...