26.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПредлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат...

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот на Синдикати на Македонија. На Еконономско-социјалниот совет не бил прифатен предлогот на синдикалците, бидејќи работодавачите не биле подготвени да разговараат за минималната плата. Првиот човек на ССМ Трендафилов вели дека дури биле искарани дека многу барале. А, имало и обвинувања дека барањата им се политички.

<

За жал големо разочарување, нема изгледи за зголемување на минималната плата. Тоа што го слушнавме внатре е дека ССМ многу барал, дека работниците многу бараат и дека доста ни е, и дека со тие плати треба да бидеме среќни што ги добиваме. Морам да кажам дека се обидоа да не искараат во Влада затоа што многу сме барале за работниците. Работодавачите, за жал, сметаат дека нема простор за зголемување на минималната плата во Македонија и дека доволно ги плаќаат работниците, и сметаат дека работниците не се продуктивни. Колку нѐ плаќаат, толку сме им продуктивни“, вели Слободан Трендафилов.

Трендафилов рече дека работниците во државава најверојатно ќе останат со најниска плата во регионот која е под дното како што кажа, бидејќи е краток периодот до распишување на локалните избори кои треба да се одржат во октомври. До средината на идниот месец ќе имаат седница на Претседателството и на Советот на ССМ каде што ќе се одлучува што ќе преземат.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати рекоа дека поддржале точката за минималната плата да се стави на дневен ред, но работодавачите не дозволиле да се гласа.

„За жал она што ние го зборевме изминатите години, урнисувањето на социјалниот дијалог и на Економско социјалниот совет, носењето на такви деловници за работа, работодавачите не дозволија да се гласа и да се донесе било каков заклучок под изговор дека не се спремни да разговараат за минималната плата“, вели Благоја Ралповски.

Владата пак останува на ставот дека остава да се договорат работодавачите и синдикатите бидејќи не можеле да држат страна. Напоменаа дека сепак се покачени платите во дел од јавната администрација.

„Треба да имаме предвид дека ние нема да ги водиме политиките како што ги водеше претходната власт, поради тоа што треба да ја видиме и продуктивноста на работата. Не може да се доведеме за ад хок покачување на минималната плата, за на другата страна да имаме инфлација како што беше порано 15 проценти, 10 проценти. Нашите политики се инфацијата до крајот на годината да биде до 3 степени. Затоа што се грижиме за животниот стандард на граѓаните“, вели Бесар Дурмиши.

На седницата била усвоена и методологијата по која ќе се пресметува владината потрошувачка кошничка. А нова седница на Економско-социјалниот совет треба да се одржи до крајот на неделава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија,...