Попладнево ококу 16 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје во која животите ги загубија три лица.
<
Според првичните информации на СВР Тетово, маж и жена ги изгубиле животите на самото место, додека една жена починала во Клиничката болница во Тетово. За пружање лекарска помош во Клиничка болница Тетово е однесено и повредено дете. Во сообраќајката учествувале патничко возило од марката „Опел“ со тетовски регистерски таблици и автобус.
Јавен обвинител, противпожарни екипи и полиција се на местото на настанот за спроведување на увидот. Од СВР Тетово најавија подетални информации откако ќе биде документиран случајот.